Навигација

Регионални центри

Информирај се

Анкета

Дали досега сте се јавиле на бесплатниот телефонски број за итни повици 195?
 

Несреќи и катастрофи

Банер

RSS

feed-image RSS

Насловна
Безбедно евакуирани завеаните учители од Брест и Малино PDF Печати Е-пошта
Петок, 27 Јануари 2012 12:08
     Најновите врнежи од снег, чија висина наместа достигна и до два метри, ги блокираше наставниците од  училиштата во селата Брест и Малино и заради лошите временски услови беа оневозможени да се вратат со нивни возила.
    Центарот за управување со кризи утрово стапи во контакт со наставниците и во координација со Оперативниот центар на ГШ на АРМ беше ангажиран хеликоптер за евакуација на 12те наставници. Денес, околу 12 часот акцијата е успешно извршена и сите лица се евакуирани и донесени во Скопје.
 
Проодност на патиштата на територијата на Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 27 Јануари 2012 00:00
Скопски регион

     Според информациите од ЈП „Улици и Патишта“ – Скопје  во општина Студеничани патниот правец Драчево – с. Г.Количани е исчистен ( денес ќе се посипе со сол.). Моментално се работи за расчистување на патиштата кон селата Вртекица и Пагаруша.
     Во општина Сопиште автобусите на ЈСП не сообраќаат до селата Добри Дол и Света Петка.
    Патот кон село Патишка Река е недоволно пробиен и денес таму на расчистување на истиот работи булдожер на АРМ
     Во општина Зелениково патиштата кон селата Добрино и Дејковец се проодни само со камиони и џипови, но на места има намети од снег.
    Во општина Петровец отсечено е населеното место Коњари-Дивле. Со чистење на истиот ќе се почне после 11.00 часот.
     Патниот правец до с.Побожје е прооден додека од с.Побожје до с.Танушевци не е прооден заради новите врнежи од снег.    
Повеќе...
 
Работен состанок во ЦУК со консултанти од Европската Комисија PDF Печати Е-пошта
Петок, 27 Јануари 2012 10:15
 
     Во рамките на ИПА Програмата за 2011-2012 година “Соработка во областа на цивилна заштита за земјите кандидати и потенцијални кандидати“ на 25 јануари 2012 година во Центарот за управување со кризи се одржа работен состанок со ангажирани консултанти од Европската Комисија, г-ѓа Пироска Бала и г-дин Алан Пелов. Учесници од Република Македонија се Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и со свои претставници учествуваат во обуки, работилници и штабни вежби.
    Целта на посетата беше заокружување на аналитичката студија која се спроведува во сите земји корисници на оваа ИПА Програма, со фокус на маѓународната помош во случај на вонредни и кризни состојби односно поддршка на земјата домаќин.
Повеќе...
 

Систем Е- 112

 

Владата на Република Македонија усвои информација за начинот на користење и времето на спроведување на единствениот европски број за итни повици Е-112 и усвои заклучоци врз основа на кои се формира тим за концептуално дефинирање на Е-112 во Република Македонија.

 

 

 
Шест години од основањето на Центарот за управување со кризи
 
Шест години од основањето и работењето на Центарот за управување со кризи.  Центарот се формира на 5 октомври 2005 година.     Центарот за управување со кризи, како самостоен орган на државна управа со позиција и функција на дирекција и во својство на правно лице, е предвидено да ги врши следните работи:
 

Работилница и Вежба „Меѓуресорска соработка и координација“

 

Во Домот на АРМ во Скопје се одржа четиридневна „Работилница и вежба за меѓуресорска координација„ во организација на Центарот за управување со кризи и во соработка со Инженерскиот Корпус на САД (USACE).

 
 

Последни новости

  • За денес 27.01.2012 година (петок)  планирани се крводарителни акции со вработените во установата „Даре Џамбаз“ во Скопје, со вработените во АД „Мартина“ во Штип, со вработените во ПС Гостивар, со граѓаните на Македонска Каменица, со вработените во ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и со вработените на ЈП „Стрежево“ во Битола.
  • РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од каменоломот на А.Д. Гранит - Бразда во која се наведува дека до сабота 28.11.2011 во периодот помеѓу 09.00 и 10.00 како и помеѓу 13.00 и 14.00 часот нивни екипи ќе изведат по едно минирања.
  • Од ЈП „Водовод и Канализација“ известуваат дека заради дефект на водоводна мрежа од Ф – 2 цола на ул.Алија Авдовиќ бр.51, на ден 29.01.2012 год. (недела) секторот Водовод, ќе врши прекоп на целата улица. Поради тоа улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај, а истиот ќе биде пренасочен низ месноста „Попово Маало“. Без вода ќе останат  корисниците од ул.Алија Авдовиќ во нас.Ченто. ( општина Гази Баба )
  • На ден 26.01.2012 год. (четврток) планирани се крводарителни акции со вработените во: АД Димче Митрев – Велес; АД Баргала – Штип; модна конфекција Единство – Струмица; Тутунски Комбинат – Прилеп;  ЈСП – Ѓорче Петров и со  жителите на Делчево и Кочани.
  • РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од Граничниот премин „Свети Наум“ во која се наведува дека од нивна страна е пронајдена НУС (бомба), за што веднаш РЦУК ја известил  ДЗС Охрид. Од нивна страна се превземени активности за отстранување на истата.
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Посетители

Има 8 гости присутни
Гледања на содржината : 290808
bottom

Покренато од