Навигација

Регионални центри

Анкета

Дали досега сте се јавиле на бесплатниот телефонски број за итни повици 195?
 

Несреќи и катастрофи

Банер

RSS


Насловна
Систем Е-112 PDF Печати Е-пошта
 
       Владата на Република Македонија усвои информација за начинот на користење и времето на спроведување на единствениот европски број за итни повици Е-112 и усвои заклучоци врз основа на кои се формира тим за концептуално дефинирање на Е-112 во Република Македонија. Тимот е составен од претставници на Центарот за управување со кризи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, Агенцијата за електронски комуникации, Дирекцијата за заштита и спасување и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Тимот изработи концептуално решение, кое е во склад со функционалните, организациските и техничко-технолошките можности и услови во Република Македонија.              
        Концептуалниот дизајн е дефиниран со користење на различни меѓународни искуства од функционирањето на системот Е-112, имплементацијата на Е-112 во различни држави, со почитување на специфичностите на Република Македонија. Со имплементација на системот ќе се обезбеди единствена комуникациско-координативна поддршка за сите служби за итнa помош. Овој систем ќе ги користи можностите на информатичко-телекомуникациските системи, GIS-системот, како и системот за управување со итни настани заснован на стандардни оперативни постапки.Имплементацијата на Е-112 е обврска на Република Македонија која произлегува од Директивата за универзална услуга и правата на корисниците во врска со електронски комуникациски мрежи и услуги (2002/22/EC), со која земјите членки на ЕУ се обврзани да го имплементираат единствениот европски број за итни повици Е-112.
        Воспоставувањето на системот Е-112 и воведувањето на единствениот број за итни повици е утврдено и со одредби од Законот за управување со кризи и Законот за електронски комуникации.
 
 
 

ПРИЕМ НА ПОВИЦИ ЗА ИТНОСТ ОД ГРАЃАНИТЕ ПРЕКУ СРЕДСТВА ЗА ЈАВНА КОМУНИКАЦИЈА


  • Системот Е-112 ќе ги прима сите видови на повици од секоја локација во Македонија ;

  • Сите оператори на јавните телефонски мрежи се обврзани да обезбедат корисниците на јавните телефонски услуги, вклучително и на јавните телефонски говорници, да можат бесплатно да ги бираат броевите на службите за итни повици ;

  • Операторите на јавните телекомуникациски мрежи не смеат да го ограничат пристапот и користењето на броевите на службите за итни повици ;

  • Системот Е-112 ќе врши прием на повици од сите постојни фиксни и мобилни телекомуникациски мрежи ;

  • Системот Е-112 ќе биде достапен и од мобилни телефони без SIM картичка и од телефонски говорници за итност ;

  • Системот Е-112 треба да биде проектиран на тој начин што ќе овозможи прием на сите видови електронски повици од возилата ( e -call и AVLS -систем за автоматско лоцирање на возила во случај на сообраќајна несреќа ) ;

  • Системот Е-112 треба да биде проектиран на тој начин што ќе овозможи еднаков пристап кон бројот Е-112 и употреба на средства за комуникација за лицата со посебни потреби ;

  • Снимањето на комуникациите и придружните податоци за пренос е дозволено во рамките на службата Е-112 заради нивна евиденција, идентификација и постапување ;

  • Операторите кои обезбедуваат пристап до јавната комуникациска мрежа и користење на јавни комуникациски услуги треба да превземат мерки со кои се обезбедува непречен пристап и користење на бројот Е-112 во случај на елементарна непогода ;

  • Сите повици од територијата која ја опфаќа еден регионален центар Е112 треба да бидат рутирани кон тој центар од страна на јавните комуникациски оператори ;

  • Во случај на нефункционирање на регионалниот центар повиците ќе се пренасочуваат кон другите центри за итни повици Е-112 од страна на јавните телекомуникациски оператори ;

  • Секој од регионалените центри за итни повици Е-112 ќе биде поврзан со јавните комуникациски мрежи на начин кој ќе го задоволи во целост прифаќањето на сите итни повици ;

  • Во зависност од определбите и интересите на јавните комуникациски оператори, системот 112 треба да има можност да обезбеди нивно непосредно поврзување со центрите Е-112 ;

  • Операторите на јавните телекомуникациски мрежи кои нема директно (непосредно) да се поврзат со центрите за итни повици Е-112, поврзувањето ќе го направат преку интерконекција со некој од операторите кои ќе бидат директно поврзани со центрите за итни повици Е-112.

        Воведувањето на Е-112 во Република Македонија се реализира во две фази: првата фаза е концептуалното дефинирање на Е-112, а втората фаза е имплементација на Е-112. Концептуалниот дизајн на системот Е-112 е дефиниран од страна на Тимот за концептуално дефинирање на Е-112 во Република Македонија и усвоен од страна на Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија го задолжи Центарот за управување со кризи да преземе активности за изработка на физибилити студија врз основа на концептуалните барања за системот. Физибилити студијата ќе ја дефинира временската рамка и ќе ги опфати сите аспекти на имплементацијата на системот Е-112, во склад со концептуалните решенија за системот.

     Досегашните броеви за итни повици кон полицијата 192, кон противпожарните служби 193, кон итната медицинска помош 194 и кон Центарот за управување со кризи 195, ќе бидат заменети после одреден временски период на паралелно функционирање, со бројот 112. Граѓаните ќе помнат само еден број наместо досегашните четири. Со јавување кон 112 се известуваат за настанот и полицијата, и противпожарните служби, и итната медицинска помош. За лицата кои не ги зборуваат македонскиот и албанскиот јазик обезбедена е јазична поддршка на англиски, германски и други странски јаици. Со ова, секој турист, секој бизнисмен, секој странец ќе може да ги користи услугите на службите за итна помош со ист квалитет како во матичната земја.

    Во системот се предвидени три оперативни центри за прием на повици за итни настани, како и за координација на полицијата, итната медицинска помош, противпожарните сили и тимовите за заштита и спасување при постапување во случај на итни настани. Овие центри треба да бидат лоцирани во Скопје, Прилеп и Штип. Секој од нив ќе има можност да прима повици од било која точка на територијата на Република Македонија и да ги координира активностите на службите за итна помош во регионот кој го покрива и на целата територија на Република Македонија, доколку има потреба од тоа.

 

Последни новости

Обилни дождови предизвикаа лизгање на земјата во Гватемала, при што загинаа најмалку 36 лица, а 40 се водат како исчезнати. За трагедијата да биде поголема, за врема на спасувањето на затрупан автобус, настрадаа 22 лица, а стотина спасувачи се затрупани од кал. Владата прогласи вонредна состајба, а евакуирани се 100.000 лица.
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Посетители

Има 43 гости присутни
Посетители досега: : 192388
bottom

Центар за управување со кризи (с) Copyright 2009. Сите права се заштитени.