Навигација

Регионални центри

Анкета

Дали досега сте се јавиле на бесплатниот телефонски број за итни повици 195?
 

Несреќи и катастрофи

Банер

RSS


Насловна Mеѓуресорска соработка Работен состанок со Регионалните центри за управување со кризи
Работен состанок со Регионалните центри за управување со кризи PDF Печати Е-пошта
 
     На 28 мај се одржа работен состанок со претставници од сите Регионални центри за управување со кризи во Република Македонија. Подобрувањето на организацијата на работење за наредниот период беше една од главните точки на средбата. Директорот на Центарот, Тони Јакимовски, во воведното излагање истакна дека меѓусебната координација и размената на информации е еден од битните сегменти во институционалното работење на ЦУК.

 

 

 
    Раководителот на Секторот за операции и координација, Душко Петровски го претстави оперативното функционирање на Центарот за управување со кризи и Регионалните центри, како и функционалната комуникација и координација за ризици и опасности, додека раководителот на Секторот за аналитика, проценки и стратешко планирање, Стевко Стефаноски, ги презентираше активностите за формирање на Информациско-документаристички бази во главните Регионални центри.
 
 

    Претставникот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Сашо Атанасовски ги запозна присутните со активностите за воспоставување на мониторинг над силна сеизмичка активност на територијата на Република Македонија, со акцент на соработката која ИЗИИС ја има со Центарот за управување со кризи.

 
    Раководителот на Одделението за односи со јавноста и протокол, Мишко Талески ги истакна досегашните активности во областа на соработката со медиумите и преземената кампања во домен на афирмација на Центарот за управување со кризи. Претставниците на Регионалните центри ги соопштија своите видувања за нивното функционално работење на локално и на регионално ниво, а се интересираа и за повеќе прашања поврзани со идното работење на Центарот.

    Денешната средба се реализира во соработка и со помош на УНДП во Скопје, а во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на Центарот за управување со кризи„.

 

Последни новости

Обилни дождови предизвикаа лизгање на земјата во Гватемала, при што загинаа најмалку 36 лица, а 40 се водат како исчезнати. За трагедијата да биде поголема, за врема на спасувањето на затрупан автобус, настрадаа 22 лица, а стотина спасувачи се затрупани од кал. Владата прогласи вонредна состајба, а евакуирани се 100.000 лица.
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Посетители

Има 41 гости присутни
Посетители досега: : 192416
bottom

Центар за управување со кризи (с) Copyright 2009. Сите права се заштитени.