|
Четврток, 09 Септември 2010 |
Центарот за управување со кризи на сите верници од муслиманска вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рамазан Бајрам. |
|
Состанок со претставниците на месните заедници од општина Зајас |
|
|
|
|
Петок, 03 Септември 2010 |
|
На иницијатива на Регионалниот центар за управување со кризи во Кичево, се одржа состанок со претставниците на месните заедници од општина Зајас, на кој присуствуваа и претставници од Полициската станица во Зајас, Територијалната противпожарна единица од Кичево, подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување во Кичево и од локалната самоуправа во Зајас. Целта на состанокот беше запознавање на претставниците на месните заедници со системот за управување со кризи, како и со значењето и нивното функционирање во превенција од ризиците и опасностите преку мониторинг на ризици и нивна идентификација. Состанокот го водеше раководителот на РЦУК Кичево, Сузана Тасевска. |
|
Систем Е- 112 Владата на Република Македонија усвои информација за начинот на користење и времето на спроведување на единствениот европски број за итни повици Е-112 и усвои заклучоци врз основа на кои се формира тим за концептуално дефинирање на Е-112 во Република Македонија. |  |
|
|
Средба на директорот Јакимовски со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Директорот Тони Јакимовски оствари средба со претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија, Шелдон Јет. На средбата стана збор за можноста од користење на одредена опрема со која располага УНИЦЕФ во случај на несреќи и кризни состојби. |  |
|
|
| Работен состанок со Регионалните центри за управување со кризи Подобрувањето на организацијата на работење и меѓусебната координација, како и размената на информации претставуваат битни сегменти во институционалното работење на ЦУК, истакна Директорот Тони Јакимовски. |  | |
|
|