Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека нна ден 17.08.2019 (сабота), заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник ф-5/4мм на бул.Македонско Косовска Ударна Бригада“ - подулици 10, 14, 17 и на ул.Индира Ганди без вода од 22:00 часот до 06:00 часот ќе бидат корисниците од истите улици. Исто така, на ден 17.08.2019 (сабота), заради реконструкција на  водоводна мрежа со пречник 150 мм на крстосница „Бутелски венец“/„Индира Ганди“,од 22:00 до 06:00 часот без вода ќе бидат корисниците од истите улици. (опш.Чучер Сандево)

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 15.08.2019 година, поради уличен дефект од Ф - 80 мм на ул.Антонио Грубишиќ бр.10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица од 09:00 часот па се до завршување на работите (опш.Центар).

Во скопскиот регион, според дојава од граѓани, во населбата викендици Голиево веќе два дена се без вода за пиење од локалниот водовод. За настанатата сосотјба известени се ЈКП Чучер Сандево Како причина се наведува енормно зголемена потрошувачка на вода во последните два дена поради која на највисоките места во општината има прекин во водоснабдувањето. Можно е да бидат воведени планирани исклучувања на поедини реони се со цел недостигот на вода сите подеднакво да го поделат.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 01.08.2019 година, заради дефект на водоводна цевка со пречник 100 мм на ул.Јани Лукровски бр.8 и бр.10, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од високата зона во нас.Автокоманда (опш.Гази Баба). Истиот ден заради дефект на водоводна мрежа со пречник 3 цола на ул. Франклин Рузвелт бр.32, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците на потегот од Бул. Илинден до ул.Орце Николов. (Опш.Центар).