Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 27.09.2019 година, поради дефект на приклучна цевка Ф – 1 цол на ул.Берска бр.3, од 09:00 часот до санирање на дефектот, без вода ќе бидат корисниците на улиците Берска, Титовелешка, Ѓуро Ѓоновиќ, Прилепска и Истарска во нас.Маџар Маало (опш.Гази Баба).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 26.09.2019 година, поради реконструкција на водоводна мрежа Ф – 80 мм на ул.Светозар Марковиќ бб, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Светозар Марковиќ, Цицо Поповиќ и Истарска, Веро Џамбо како и околните објекти (опш.Центар).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 25.09.2019 година, поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник 100 мм на Бул.Јане Сандански бр.107 во нас.Аеродром, без водоснабдување од 08:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од ниската зона со непарните броеви од бр.61 до бр.109 (опш.Аеродром).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 24.09.2019 година (вторник) поради дефект на приклучна цевка  ф-6/4 “ на ул. Орце Николов 87, со прекинато водоснабдување од 09:00 часот до завршување ќе бидат корисниците на дел од ул. Орце Николов, односно потегот од ул. Аминта Трети до Мирослав Крлежа. (опш.Центар)