Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 31.12.2019 година, поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф – 250 мм на ул.Среќко Пужалка бр.114 во нас.Ченто, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул.Среќко Пужалка во близина на ОУ „Крсте Мисирков“ и градинката „25-ти Мај“ (опш.Гази Баба).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 27.12.2019 година, заради зголемување на енергетската моќност на трафостаницата која е лоцирана во Пумпната станица Водно, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од населбите Водно, Пржино, Црниче, дел од високата зона од нас.Козле, Резиденцијалните објекти на Владата, Комплексот на МВР, Клиника за хематологија, Клиника за трансфузиологија и Детска болница Козле (општини Центар, Кисела Вода и Карпош).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 26.12.2019 година поради одстранување дефект на водоводна мрежа Ф – 100 мм на бул.Борис Трајковски, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул.Борис Трајковски и тоа од крак 2 до крак 10 и Фабриката за цемент – Усје (опш.Кисела Вода). Исто така, поради одстранување дефект на водоводна мрежа Ф – 80 мм на ул.Антоние Грубишиќ (кај кружниот тек), од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, односно потегот од ул.Наум Наумовски Борче до ул.Аминта Трети (опш.Центар).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 24.20.2019 година, заради дефект на водоводна цевка со пречник 100 мм на ул.Лондонска бр.12, без водоснабдување ќе бидат објектите на Топлификација и Балкан Енерџи Груп од 09:00 часот до завршување со активностите (опш.Карпош). Исто така, заради дефект на „гердан“ на водоводна мрежа со пречник 125 мм на ул.Маџир Маало бр.37, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од нас.Маџир Маало (општина Центар)