Од ЈКП „Чист Ден“ – с.Ранковце (Крива Паланка) известуваат дека поради сушните периоди и зголемената потрошувачка на вода од 01.08.2019 година има рестрикција во водоснабдувањето и тоа во селата Радибуш, Отошница, Петралица и Псача.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 14.09.2019 година, поради изведување на реконструкција на водоводна мрежа на ул.Благоја Стефковски и поради замена на затворач DN – 350 мм на ул.Благоја Стрефковски со ул.Карл Либнехт, од 22:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат жителите од улиците Карл Либнехт, Темко Попов и Анри Барбис и дел од ул.Благоја Стефковски (опш.Гази Баба).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 13.09.2019 година ќе ги има следните прекини во водоснабдувањето:

  • Поради изведување на водоводен приклучок Ф – 80 мм на ул.8ма Ударна бригада бр.35, од 09:00 часот до завршување на работите, без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица (опш.Центар);
  • Поради изведување на водоводен приклучок од  Ф – 80 мм на ул.8-ма Ударна Бригада бр.35, прекинато водоснабдување  ќе  имаат корисниците на дел од истата улица од 09:00 часот  до завршување со техничкиот зафат (опш.Центар);
  • Поради замена на затварач и ПП Хидрант Ф – 80 мм на ул.Џон Кенеди бр.12 во нас.Чаир, од 09:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул.Перо Тошев и дел од ул.363 (опш.Чаир).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 12.09.2019 година, поради дефект на приклучна цевка од Ф – 1 цол на ул.Јордан Мијалков бр.64, во периодот од 09:00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул.Јордан Мијалков, како и објектот на поликлиниката Неуромедика (опш.Центар).