Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на  ден 14.10.2019 година, поради дефект на цевка Ф – 100 мм, на ул.Јани  Лукровски бр.12, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците  од високата зона на ул.Јани Лукровски (опш.Гази Баба).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 150 мм на ул.Борис Сарафов, на ден 10.10.2019 год. (четврток), без водоснабдување од 08:30 до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица и ул.Ангел Винички. (опш.Ѓорче Петров).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 08.10.2019 година ги најавуваат следните интервенции:

  • Поради чистење, дезинфекција и испирање на резервоарoт Радишани за висока зона, во периодот од 09:00 до 15:00 часот прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Радишани (општина Бутел);
  • Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа Ф – 200 мм на бул.Борис Трајковски бб (во кругот на Пелагонија), од 08:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата 11ти Октомври (опш.Кисела Вода);
  • Поради изведување на водоводен приклучок Ф – 300 мм на ул.Владимир Комаров бб, од 09:00 часот, до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на ул.Владимир Комаров, Вучко Компани, Пензионерскиот Дом, Тинекс и Хотел Порта (опш.Аеродром).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 150 мм на ул. Павел Шатев во нас. Кисела Вода, на ден 06.10.2019 год. (недела), без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од ул. Серска, дел од ул. Партениј Зоографски, ул. Димче Мирчев, дел од ул. 50 Дивизија и дел од бараките на МВР. (Општина Центар)