Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека поради дефект на затворач на водоводна мрежа на крстосницата од улиците Аминта Трети и Пиринска, од 09:00 часот до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците од делови од улиците Аминта Трети, Пиринска, Орце Николов и Чедомир Миндеровиќ (опш.Центар).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје за денес ги најавуваат следните интервенции: Поради дефект на водоводна цевка на бул.Кочо Рацин бр.36, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од бул.Кочо Рацин (опш.Центар) и поради чистење и хлорирање на резервоарот Копаница, од 09:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување или со намален притисок  ќе бидат корисниците од с.Копаница (опш.Сарај).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека денес ќе се започне со чистење и хлорирање на резервоарот Бојане. Во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдувањето во с.Бојане (општина Сарај).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје, известуваат дека поради чистење и хлорирање на резервоар „Рашче“, на ден 26.03.2018 година, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од с. Рашче. (Општина Сарај)