Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека на ден 22.03.2018 година, поради поврзување на нова водоводна линија на раскрсницата помеѓу улиците Ѓорѓи Абаџиев и Бигла во населбата Водно, од 09:00 часот до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од улиците Ѓорѓи Абаџиев и Бигла (опш.Центар).

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека на ден 21.03.2018 година, заради давање на водоводен приклучок на ул.Дане Крапчев бр.22 во Дебар Маало, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од ул.Црвена Вода (опш.Центар).

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека на ден 20.03.2018 година поради дефект на приклучна цевка на ул.Дане Крапчев број 22 во Дебар маало, без водоснабдување од 09:00 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците од улицата Црвена Вода (опш.Центар).

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека, поради уличен дефект ул.Серава бр.120, од 09:00 часот до 15:00 часот без водоснабдување ќе останат корисниците од ул.Серава (општина Чаир).

Во општина Демир Хисар ЈКП Комуналец се уште работи на отстранување на дефектот на потисниот цевковод и се очекува снабдувањето со вода да биде нормализирано во текот на денот. Без снабдување со вода се населените места: Суводол, Кутретино и Слепче, снабдувањео со вода за град Демир Хисар е со рестрикции.