Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека на ден 12.03.2018 година, поради промена на два затварача на раскрсницата меѓу улиците Борка Талевски и Рајко Жинзифов, во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Борка Талевски и Рајко Жинзифов (опш.Центар);

Заради дефект на водоводна цевка на ул.Митре Влаот бр.21б во нас.Лисиче, без водоснабдување од 08:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата населба (опш.Аеродром).

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека поради дефект на ул.Наум Наумовски – Борче бр.50 во нас.Дебар Маало, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул.Наум Наумовски Борче и тоа на потегот од ул.Аминта Трети до бул.Партизански Одреди (опш. Центар - Скопје).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека на ден 07.03.2018 година, поради водоводен приклучок на ул.Благоја Давков бр.16, од 10:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Благоја Давков и 487 (опш.Гази Баба).

Заради монтажа на  приклучок на колективна стамбена зграда на ул.Миле Пецанов во Гевгелија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Деко Ковачев, од раскрсница со ул.Митко Зафиров до поранешен хотел Пелагонија и улиците Воденска, Леонид Јанков, Миле Пецанов и дел од Кукушка (околу Турски гробишта), во период од 08:00 часот до завршување на монтажата.