Од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје известуваат дека на ден 10.10.2017 година, поради дефект на затварач на водоводна мрежа на ул. Вич бр.24 и бр.26, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од истите згради на истата улица (опш.Карпош).

Поради уличен дефект на потисна мрежа помеѓу резервоари Припор 1 и Припор 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците кои добиваат вода од резервоар Припор 2 (корисниците  ќе имаат вода се додека има вода во резервоарот), од 09:00  часот до санирање на дефектот (опш.Кисела Вода).

Поради уличен дефект на ул. 2 во с.Студеничани, прекинато водоснабдување имаат корисниците од с. Студеничани од 01:00 часот до санирање на дефектот (опш. Студеничани).

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради промена на вентили во шахти на ул.Илија Димовски бр.1Б и бр.5А во нас.Лисиче, од 11:00 часот без вода се корисниците од нас.Лисиче – бараките (опш.Аеродром).

Поради дефект на водоводна цевка на ул.Бутелски Венец бр.34, од 23:00 часот, без вода се дел од корисниците од истата улица, дел од ул.Пелагонија, дел од бул.Македонско Косовска Бригада, дел од с.Визбегово и Затворот во Шуто Оризари (опш.Шуто Оризари).

Од ЈКПД „Комуналец“ – Гевгелија, известуваат дека поради монтирање на мерно-регулациона опрема на регионалниот цевковод, како и санирање на дефект на ден 06.10.2017 година, од 09:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бензинска пумпа Шимов (на влез во Гевгелија до граничниот премин Богородица), како и селата Богородица, Стојаково и Селемлија.

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека на ден 04.10.2017год. поради санирање на уличен дефект на Бул.АСНОМ бр.142 во нас.Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Бул.АСНОМ бр.142 и бр.144 од 00:15 часот до санирање на дефектот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 03.10.2017 година, поради изведување на водоводен приклучок на ул.Маршал Тито бб спроти училиштето во с.Сарај, во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат дел од корисниците од селата Сарај, Грчец, Глумово, Шишево и Матка (опш.Сарај).