Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради уличен дефект  од ф 100 мм на  бул.Видое Смилевски Бато 41 во нас. Ново Лисиче, без водоснабдување од 08:00  часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците  од Бул. Видое Смилевски Бато, зграда бр.39, 41и бр.43. (општина Аеродром).

Oд ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија известуваат дека заради монтирање на мерно - регулациона опрема на главна водоводна линија, во кругот на поранешната фабрика Зора, прекинато водоснабдување од 11:00 часот на ден 28.09.2017 година до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од с.Мрзенци, индустриска зона Блокотехна и Негорски Бањи.

Од ЈП „Водовод и Канализација“  - Скопје известуваат дека на ден 27.09.2017 година, поради санирање на дефект на затворач на водоводна мрежа на ул.Владимир Комаров бр.7, без вода до 08:00 до 11:00 часот, ќе останат корисниците од ниската зона на ул.Владимир Комаров бр.7 и бр.9 (опш.Аеродром).

Поради промена на 3 затворачи во парк шумата Гази Баба, од 23:00 часот на ден 27.09.2017 година, до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од нас.Железара, дел од нас.Автокоманда и од улиците Трифун Хаџијанев, Ташко Караџа и Јани Лукровски (опш.Гази Баба).

Поради дефект на ул. Црвена Вода во Дебар Маало (опш. Центар), без вода од 09:00 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците од истата улица.

Поради дефект на водоводна цевка на ул. Христо Татарчев бр. 60 (опш. Кисела Вода), без вода од 08:00 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците од крстосницата на улиците Дебарска и Христо Татарчев се до последната автобуска постројка бр. 24.