На ден 06.09.2017 година, поради давање на водоводен приклучок Ф–100 мм на ул.Рузвелтова, раскрсница со ул.Мајаковски во нас.Центар, од 08:00 часот до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците од ул.Рузвелтова и од бул.Партизански Одреди, до ул.Орце Николов (опш.Центар).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека заради монтажа на нова командна електрична табла за автоматска работа на хидрофорот Бардовци, на ден 5.9.2017 година во периодот од 09:00 до 16:00 часот, без вода ќе остане населеното место Бардовци. (опш.Ѓорче Петров).

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 30.08.2017 година, поради дефект на водоводна цевка Ф – 150 мм, на ул. Димитрије Чуповски (позади Просветно дело), од 08:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од блок 4 и 5, кулите 38, 40 и 42, амбулантата, градинката и зградата на Трготекстил (опш.Центар Скопје).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека поради дефект на водоводна цевка на бул.Метрополит Теодосиј Гологанов (карши Цветен Пазар), од 17:00 часот без вода се корисниците на потегот од раскрсница бул.Метрополит Теодосиј Гологанов со бул.Свети Климент Охридски, до Кружниот тек кај Католичка Црква (опш.Центар).