Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека денес и утре ќе се започне со чистење и хлорирање на резервоарот „Жданец“. Од 09:00 часот до завршување на работите, можен е мал прекин на водоснабдување во населбите Жданец, Трнодол, Козле и Нерези (опш.Карпош).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека на ден 04.04.2018 година, поради уличен дефект на ул.Борис Трајковски бб (пред семафорите во Пинтија), без водоснабдување од 21:00 часот се корисниците на дел од Фабрика Охис (опш.Кисела Вода). На дефектот ќе се работи денес (05.04.2018 година).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека поради уличен дефект на ул.Ѓуро Ѓоновиќ бр.49 во нас.Маџир Маало, без вода од 09:00 часот до завршување на дефектот, ќе останат корсниците од населбата Маџир Маало (општина Центар).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека најавената интервенција на водоводната мрежа на ул.Маршал Тито бб во с.Сарај, поради технички причини (дислокација на електрична бандера) е одложен за ден 03.04.2018 година, поради што прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата Сарај, Грчец, Љубин, Матка, Глумово, Шишево и Крушопек (опш.Сарај). Исто така поради чистење и хлорирање на десната комора од резервоарот за вода во с.Љубин, на ден 03.04.2018 година, од 09:00 часот, до завршување на работите можен е мал прекин во водоснабдувањето во с. Љубин (опш.Сарај).

Од ЈП „Водовод“ –Битола известуваат дека поради промена на водоводна цефка, на ден 03.04.2018 година, од 09:00 до 13:00 часот, без водоснабдување ќе биде реонот кај м.в.Стара Болница.