Од ЈП „Водовод и Канализација“ известуваат дека на ден 25.07.2017 година, поради промена на затварач на ул.Никола Вапцаров бр.2, од 08:00 часот до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците од ул.Никола Вапцаров како и објектот на Министерството за Правда (опш.Центар).

Поради изведување на водоводен приклучок на ул.Орце Николов бр.137 во населба Центар без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците: Орце Николов, Костурски Херои, Ѓорѓија Пулески и Министерство за Одбрана од 08:00 часот до завршување на изведбата на приклучокот (опш.Центар).

Поради промена на затварач  од Ф 100 мм   на бул.Јане Сандански раскрсница со ул.Владимир Комаров, без  водоснабдување од 10:00 часот до санирање на дефектот, ќе останат  корисниците  од ул.Бојмија  кулите 2, 4, 6 и 8, ул.Владимир Комаров   од бр 1 до бр 20 висока зона и бул.Јане Сандански бр.7 (опш.Аеродром).

Поради уличен дефект од Ф 80 мм на ул.Адолф Цифоровски бр.6 во нас.Центар, без водоснабдување од  08:00 часот  до санирање на дефектот ќе останат корисниците  од ул.Адолф Цифоровски (опш.Центар).

Поради дефект на главната водоводна линија, Денес од о7.00 часот утрово без вода се населбите Дујле, Исар, Ново село, Пребек, Железничка и индусртиската зона во Штип. Екипите на ЈП Исар работат на отстранување на дефектот.