Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 30.07.2019 година, поради давање на водоводен приклучок Ф – 80 мм на ул.Дане Крапчев бр.11, од 11:00 часот до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Дане Крапчев, Радњанска и Славка Недиќ, како и дел од корисниците од ул.Дебарца (опш.Центар).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 24.07.2019 година, поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф - 80мм на ул.Кирил и Методиј бр.10, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците Кирил и Методиј и Даме Груев (опш.Центар).

Од РЦУК – Штип известуваат дека поради реализирање на завршната фаза во автоматизација на приклучна шахта во Леговец, од 12,00 часот на 22.07.2019 година, па во наредните три дена без вода ќе останат корисниците на град Пробиштип. Од 21,00 часот на 21.07.2019 година па во наредните три дена без вода ќе останат корисниците кои добиват вода од транзитен цевковод Стрмош, Неокази, Петршино, Плешенци и Долни Стубол.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 21.07.2019 година, поради реконструкција на водоводна цевка Ф – 150 мм на ул.Кузман Шапкарев, од 09:00 до 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од истата улица како и од улиците Беас Куле, Гостиварска и Анастас Коцарев (опш.Ѓорче Петров).

Од ЈПКД Комуналец од Гевгелија известуваат дека заради дефект на главен цевковод во дистрибутивната мрежа кај Ирена - Трејд, без вода од 11:45 часот се корисниците од бензинска пумпа Шимов, на влез во Гевгелија, до граничниот премин Богородица, како и селата Богородица, Стојаково и Селемлија.