Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 200 мм на ул. 3-та Македонска Бригада, на ден 18.07.2019 година (четврток), без водоснабдување од 09:00 до завршување на интервенцијата ќе останат дел од корисниците од ул. 3-та Македонска Бригада. (опш. Кисела Вода)

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 16.07.2019 (вторник), фирмата Цвет-Компани ке работи на  реконструкција на мрежа од Ф-125 мм на ул.515 до Сајмиште во населба Керамидница, така да прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 512, 515, 516, Топлана, Комуна и Комунална Хигиена  во време од 10:30 до 15:30 часот (опш. Гази Баба).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 12.07.2019 година (петок), заради дефект на водоводна цевка со пречник 400 мм на ул.Мирослав Крлежа бр.60, без водоснабдување од 10:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица на потегот од Бул.Партизански Одреди до ул.Орце Николов. (Општина Центар); Истиот ден заради дефект на водоводна цевка со пречник 150 mm на Бул.„Србија“ бб, (инаку, водата е затворена на 11.07.2019 година во 15:30 часот) па, без  водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на Бул.„Србија“ - на потег од Кружниот тек кај Цементарница до сервис Скендеровски, до завршување на дефектот. (Општина Кисела Вода).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 10.07.2019 година, поради поврзување на нова водоводна мрежа Ф – 200 / ф – 150 мм, на крстосницата на бул.8ми Септември и ул.Варшавска, од 08:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од комплексот „Настел“ (опш.Карпош).