Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 05.02.2020 година поради изведување водоводен приклучок од ф - 150 мм на ул. Козле бр.108, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од ул. Козле од бр.86 до бр.132. Поради исклучување на пумпена станица можно е без вода  да останат највисоките точки од населбата Трнодол и Жданец.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 04.02.2020 година (вторник),поради дефект на затворач од Ф-400 мм на ул. Прохор Пчински 16 во нас. Чаир, без водоснабдување од 08:30 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците на дел од ул. Прохор Пчински и дел од ул. Војдан Чернодрински.  (општина Чаир)

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 28.01.2020 година, заради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 100 мм на ул.Фрањо Клуз (во близина на бензинската пумпа на Мак Петрол), без водоснабдување од 13:00 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од дел ул.Фрањо Клуз и дел од ул.Пандил Шишков (опш.Аеродром).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 25.01.2020 година поради одстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф 100мм  на ул.Козле бр. 44,  од  09:00 часот  до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците  од улиците Копачка и Стрезово  (опш.Карпош).