Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 21.07.2019 година, поради реконструкција на водоводна цевка Ф – 150 мм на ул.Кузман Шапкарев, од 09:00 до 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од истата улица како и од улиците Беас Куле, Гостиварска и Анастас Коцарев (опш.Ѓорче Петров).

Од ЈПКД Комуналец од Гевгелија известуваат дека заради дефект на главен цевковод во дистрибутивната мрежа кај Ирена - Трејд, без вода од 11:45 часот се корисниците од бензинска пумпа Шимов, на влез во Гевгелија, до граничниот премин Богородица, како и селата Богородица, Стојаково и Селемлија.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 200 мм на ул. 3-та Македонска Бригада, на ден 18.07.2019 година (четврток), без водоснабдување од 09:00 до завршување на интервенцијата ќе останат дел од корисниците од ул. 3-та Македонска Бригада. (опш. Кисела Вода)

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 16.07.2019 (вторник), фирмата Цвет-Компани ке работи на  реконструкција на мрежа од Ф-125 мм на ул.515 до Сајмиште во населба Керамидница, така да прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 512, 515, 516, Топлана, Комуна и Комунална Хигиена  во време од 10:30 до 15:30 часот (опш. Гази Баба).