Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје известуваат дека на ден 13.07.2017 година, поради уличен дефект на ул.Цветан Димов бр.98, без  водоснабдување од 06:30 часот до завршување на дефектот ќе останат  корисниците од истата улица  а со намален притисок ќе бидат ул.Серава и Гинекологија Чаир (опш.Чаир); Поради давање на водоводен приклучок на висока и ниска зона на ул.Коста Новаковиќ бб, прекинато водоснабдување од 05:30 часот  ќе имаат корисниците од ул.Коста Новаковиќ згр.1, 5, 9, 18, 20 и 22, ул.Вангел Тодоровски згр.4 и 6, ул.Владимир Комаров (23 Октомври) згр.36, 38 и 40 како и касарната (опш.Аеродром).