Од ЈКП Гостиваризвестуваат дека на ден 04.07.2019 година ќе се врши поправка на дефект на главна водоводна цевка Ф-500 мм во с.Вруток-Општина Гостивар. Без водоснабдување од 08,00 до 16,00 часот ќе биде населението на Гостивар, Населба Циглана, Половина од Населба Фазанерија, с.Беловиште, с.Чајле, с.Дебреше, С.Равен како и околните места.

Од ЈП Водовод -Охрид известуваат дека поради дефект на водоводната линија од 08,30 часот без вода за пиење се жителите од ул.Јордан Мијалков-Охрид, екипа од Водовод е на терен и работи на отклонување на дефектот, а со намален притисок се населбите Бејбунар и Црногорци како и селата Лескоец, Велгошти и Лакочереј.