Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 12.07.2019 година (петок), заради дефект на водоводна цевка со пречник 400 мм на ул.Мирослав Крлежа бр.60, без водоснабдување од 10:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица на потегот од Бул.Партизански Одреди до ул.Орце Николов. (Општина Центар); Истиот ден заради дефект на водоводна цевка со пречник 150 mm на Бул.„Србија“ бб, (инаку, водата е затворена на 11.07.2019 година во 15:30 часот) па, без  водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на Бул.„Србија“ - на потег од Кружниот тек кај Цементарница до сервис Скендеровски, до завршување на дефектот. (Општина Кисела Вода).