Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 24.07.2019 година, поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф - 80мм на ул.Кирил и Методиј бр.10, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците Кирил и Методиј и Даме Груев (опш.Центар).

Од РЦУК – Штип известуваат дека поради реализирање на завршната фаза во автоматизација на приклучна шахта во Леговец, од 12,00 часот на 22.07.2019 година, па во наредните три дена без вода ќе останат корисниците на град Пробиштип. Од 21,00 часот на 21.07.2019 година па во наредните три дена без вода ќе останат корисниците кои добиват вода од транзитен цевковод Стрмош, Неокази, Петршино, Плешенци и Долни Стубол.