Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 14.09.2019 година, поради изведување на реконструкција на водоводна мрежа на ул.Благоја Стефковски и поради замена на затворач DN – 350 мм на ул.Благоја Стрефковски со ул.Карл Либнехт, од 22:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат жителите од улиците Карл Либнехт, Темко Попов и Анри Барбис и дел од ул.Благоја Стефковски (опш.Гази Баба).