Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 24.09.2019 година (вторник) поради дефект на приклучна цевка  ф-6/4 “ на ул. Орце Николов 87, со прекинато водоснабдување од 09:00 часот до завршување ќе бидат корисниците на дел од ул. Орце Николов, односно потегот од ул. Аминта Трети до Мирослав Крлежа. (опш.Центар)

Заради намалување на издашноста на сопствените извори и изворот ,,Студенчица,, продолжуваат секојдневните рестрикции во водоснабдувањето во градот Крушево во ноќните  часови и тоа:

- од 23:00 до 05:00 часот горната зона на улиците: Томе Никле, Мише Ефтим, Таќа Бербер,  Коча Миленку, Манчу Матак,  Питу Гули, и Партизанска во Крушево;

- од 18,00 до 22,00 часот средната и долната зона на пониските делови на улиците: Партизанска, Питу Гули, Коча Миленку, Манчу Матак, Центарот на Градот и цела ул.Нико Доага во Крушево.