Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 02.10.2019 година, поради чистење и дезинфекција на Резервоарoт за вода – Радишани, од 09:00 до 13:00 часот, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од дел од населбата Радишани (Опш.Бутел). Истиот ден, поради одстранување на дефект на водоводна мрежа Ф – 80 мм на ул.20ти Октомври, крстосница со бул.Партизански Одреди, од 08:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.20ти Октомври (Опш.Центар).