Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 150 мм на ул. Павел Шатев во нас. Кисела Вода, на ден 06.10.2019 год. (недела), без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од ул. Серска, дел од ул. Партениј Зоографски, ул. Димче Мирчев, дел од ул. 50 Дивизија и дел од бараките на МВР. (Општина Центар)