Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 08.10.2019 година ги најавуваат следните интервенции:

  • Поради чистење, дезинфекција и испирање на резервоарoт Радишани за висока зона, во периодот од 09:00 до 15:00 часот прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Радишани (општина Бутел);
  • Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа Ф – 200 мм на бул.Борис Трајковски бб (во кругот на Пелагонија), од 08:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата 11ти Октомври (опш.Кисела Вода);
  • Поради изведување на водоводен приклучок Ф – 300 мм на ул.Владимир Комаров бб, од 09:00 часот, до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на ул.Владимир Комаров, Вучко Компани, Пензионерскиот Дом, Тинекс и Хотел Порта (опш.Аеродром).

Од ЈКП Водовод и канализација – Прилеп известуваат дека на ден 08.10.2019 година, поради реконструкција на водовод, од 07:00 до 14:00 часот, бул.Гоце Делчев ќе биде затворен за сообраќај кај делот со ул.Марксова, односно од Градска кафеана до кружен тек кај Поштата.