Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 28.01.2020 година, заради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 100 мм на ул.Фрањо Клуз (во близина на бензинската пумпа на Мак Петрол), без водоснабдување од 13:00 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од дел ул.Фрањо Клуз и дел од ул.Пандил Шишков (опш.Аеродром).