Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 05.02.2020 година поради изведување водоводен приклучок од ф - 150 мм на ул. Козле бр.108, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од ул. Козле од бр.86 до бр.132. Поради исклучување на пумпена станица можно е без вода  да останат највисоките точки од населбата Трнодол и Жданец.