Од УХМР известуваат дека дека денес времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од понеделник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен северен ветер, а условите за магла ќе се намалуваат.

Од УХМР известуваат дека и денес по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во недела ќе биде значително облачно, а локално на повисоките места и планините ќе има услови за повремен снег. Од понеделник се очекува стабилно време со слаб до умерен северен ветер.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе биде магливо и студено со ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а во местата со магла од -1 до 3 степени.

Во Скопје, умерено облачно и магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта условите за магла ќе се зголемат. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Од УХМР известуваат дека во следните денови ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе услови делумно намалување на маглата.