Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во крајните планински региони ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Т-мин. од 10 до 18, а т-макс. од 27 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб  северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Т-ра 16 / 33 степени.