Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер. 

Во понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 4 степени.