Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 4 степени. Потоа во наредните денови повторно ќе биде стабилно и многу топло.