Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 18 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Од сабота попладне се очекува зголемување на облачноста, а од недела кон крајот на денот и појава на врнежи од дожд.