Од УХМР известуваат дека времето денес наутро ќе биде со појава на магла по одделни котлини, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, особено во јужните делови, а во петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.