Од УХМР известуваат дека дека денес времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од понеделник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен северен ветер, а условите за магла ќе се намалуваат.