Од УХМР известуваат дека дека и денес времето ќе биде сончево, попладне и до крајот на денот со умерена до значителна облачност. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје сончево, попладне со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.