Од УХМР известуваат дека денес ќе преовладува сончево и топло со умерена, на места значителна облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува брзина над 70 км/час. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има локален дожд, на планините снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.