Од УХМР известуваат дека под влијание на влажен и студен воздушен бран денес ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе се од снег. Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од претходниот ден. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка. Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури во поголемиот дел од земјава под нулата.