Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето во источните делови сеуште ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од  -3 до 2, а максималната од 4 до 10 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а макс. ќе достигне до 8 степ.