Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во јужните делови пооблачно. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 17 степени.