Во текот на вчерашниот ден, во 14:40 часот, од граѓанин добиена е информација дека поради навеви од снег е заглавено патничко возило, помеѓу Ску центар „Кожуф“ и „Смрдлива Вода“, кај место викано „Шутка“. За настанатата состојба известени се РЦУК Струмица и се правеа напори истите лица да бидат земени со возило поради опасност од настапување на ноќ и влошување на временските услови. Од страна на МВР и АРМ ангажирани беа две теренско возила да ги евакуираат лицата. Во 17:30 часот теренските возила на АРМ и МВР стигнале на местото и ги превземале заглавените лица. Во возилото имало 4 лица (3 машки и 1 женско лице) и истите се транспортирани до градот Гевгелија.

По врнежите од снег во кумановскиот регион регионален пат Крива Паланка – с.Огут е прооден во зимски услови.

Регионален пат Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште. Од с.Пклиште кон с.Герман околу 8 км. патот е непрооден, поради висина на снегот на некои места (од ветерот има навеви). Надлежните од ЈП Македонија пат - секција Крива Палнка, во текот на ден 29.12.2019 година го чистеле патот до м.в.Крст на 1 км до центар на с.Герман, но поради врнежите потоа патот пак е завеан на некои места и е непрооден. Отсечено е с.Герман. Исто така поради снегот немало настава во училиштето во с.Герман.

Селата Пклиште и Герман се отсечени поради снег и чистењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Регионален пат Крива Паланка – с.Огут е прооден (чистен е со камион и е фрлено сол на патот).

Регионален пат Ранковце – с.Герман е прооден до с.Станча. Од с.Станча кон с.Герман (околу 13 км) е непрооден, поради висина на снегот на некои места (од ветерот има наноси на некои места). Надлежните од ЈП Македонија пат - секција Крива Палнка во текот на вчерашниот ден го чистеле патот со камион до с.Станча. Од Македонија Пат известуваат дека во текот на денешниот ден ќе ангажираат трактор за прочистување на патот од с.Станча кон с.Герман.

Од ЦЈЗ Велес известуваат дека водата за пиење во с. Војшанци во Општина Неготино и село Бистренци во Општина Демир Капија е бактериолошки неисправна  за пиење.