Oд ЦЈЗ Прилеп известуваат дека периодот од 07.10 до 31.10.2019 година екипи од ЦЈЗ на територијата од општина Прилеп ќе ја спроведуваат втората фаза од превентивната систематска дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци а предмет на третирање ќе биде подземниот канализационен систем на градот како и градската депонија во месноста Алинци.

Од ТППЕ Прилеп известуваат дека во текот на вчерашниот ден, од 13:30 до 19:30 часот, со 9 пожарникари и 4 ПП возила, гаснеле запалени куќи во с.Дабница. Пожарот во меѓувреме се префрлил и на околната блиска шума и била зафатена деградирана ниска шума, смрека и сува трева. Од раните утрински часеви на пожарот интервенираат 4 пожарникари со 1 ПП возило.

Од РЦУК – Битола известуваат дека во атарот на с.Трново пронајдена е една артилериска граната 155mm  од Прва Светска Војна. Истата е подигната од стручно лице од ДЗС Битола.

Од ЈЗУ ИЈЗ известуваат дека следниве примероци на вода за пиење НЕ ОДГОВАРААТ на законските и стручни прописи на бактериолошката и физичко- хемиската анализа:

- Вода за пиење ХЕЦ Петровец каптиран извор – селска чешма во с. Ржаничино – опш. Гази Баба не одовара на правилникот за безбедност на вода заради зголемено присуство на амонијак.

- Вода за пиење ХЕЦ Петровец чешма во двор на црква Св. Недела во с. Катланово - опш. Петровец не одовара на правилникот за безбедност на вода заради наод на  Escherichia coli.

- Вода за пиење ХЕЦ Петровец каптиран извор – селска чешма во с. Градманци – опш. Петровец не одовара на правилникот за безбедност на вода заради наод на Escherichia coli.

- Вода за пиење каптиран извор – селска чешма во с. Бадар – опш. Петровец не одовара на правилникот за безбедност на вода заради наод на Escherichia coli.

- Вода за пиење ХЕЦ Петровец каптиран извор – селска чешма во с. Катланово - Фонтана – Катлановска бања – опш. Петровец не одовара на правилникот за безбедност на вода заради зголемени вредности на амонијак во водата.

- Вода за пиење - каптиран извор – Очна Катлановска бања – опш. Петровец не одовара на правилникот за безбедност на вода заради зголемени вредности на амонијак во водата.