- Број на потврдени случаи – 13 (4 импортирани и 5 со локална трансмисија).

- Денови од последно пријавување на потврден случај- 0

- Во последните 24 часа има 4 нови случаи на COVID- 19

- Заради влошената состојбата во општина Дебар и Центар Жупа прогласена е кризна состојба на територијата на двете општини.

- Список на земји со состојбите од COVID – 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk./wp-content/uploads/2020/03/Spisok-na-zemji11.03.2020.pdf

Состојба со корона вирусот во земјата е следна:

- Број на потврдени случаи – 9 (4 импортирани и 5 со локална трансмисија).

- Денови од последно пријавување на потврден случај – 2

- Во последните 24 часа нема регистрирано нови случаи на COVID-19

- Список на земји со состојбите од COVID – 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk./wp-content/uploads/2020/03/Spisok-na-zemji11.03.2020.pdf

Поради обилните врнежи од дожд во изминатиот период дошло до појава на свлечиште на патниот правец с. Безево- с. Пискупштина при што моментално е пресечен тој патен правец. Локалната самоуправа превзема активности за санација на свлечиштино. (Општина Струга)

Водостојот на реката Треска  поради обилните врнежи вчера беше значително зголемен и изнесуваше 170 см. Додека денес во 08:00 чaсот водостојот е 140 см и со тенденција на постојано опаѓање. Има излевање од речното корито кај општина Пласница и се поплавени ливади, овошни градини и мал дел ораници но без поголеми последици. (Општина Македонски Брод)

 

Во текот на вчерашниот ден (08.03.2020) имаше дојава на 195 за паднато женско дете на 10 годишна возраст во Мала река (која се влива во Тополка) во с. Бањица. Веднаш се известени ТППЕ Велес, СВР Велес, Полициска станца Чашка и Брза помош Велес, чии екипи веднаш излегле на терен. Покрај нив бeше присутен и преставник на РЦУК Велес. До вечерните часови давеникот не е пронајден, а потрагата ќе продолжи во текот на денешниот ден.