Во текот на вчерашниот ден, во атар на с. Жабени дојде до излевање на Жабенска река, при што е поплавена поголема земјоделска површина, а водата се ширеше и кон селото каде можеше да бидат зафатени и некои објекти и живеалишта. За настанатата состојба беа известени: ЕЛС Битола, ЈП Нискоградба, ДЗС Битола и  ЈП Водостопанство . Интервенирале ЈП Нискоградба од Битола со една градежна машина (Скип) во период од 12,45 до  14,10 часот. Каналот е исчистен и водата се повлекува.

Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови добиена е дојава од жител од Кисела Вода во која се наведува дека околу 18:50 часот, Маркова Река се излеала од своето корито и поплавила магацински простор на ул.Борис Трајковски.

Од ТППЕ Берово известуваат дека во текот на вчерашниот ден, во период од 14:00 до 18:30 часот,  во градот Пехчево дувал силен ветер кој откорнал неколку дрвја, биле оштетени и неколку покриви на куќи, на една куќа бил урнат оџакот, биле однесени повеќе пластеници, а на некој места поради урнати електрични столбови нема електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектите, а екипата на ТППЕ Берово се  на терен и работат на санирање на последиците од невремето.

Состојба со корона вирусот за ден 04.04.2020 година:

- Број на потврдени случаи – 483;

- Број на нови случаи во последното деноноќие – 53;

- Денови од последно пријавување на потврден случај – 0;

- Број на излечени лица од COVID–19 - 20;

- Број на смртни случаи од COVID–19 - 17;

- Список на земји со состојбите од COVID– 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk./wp-content/uploads/2020/03/Spisok-na-zemji11.03.2020.pdf ;

 - Линк на ЦУК за следење на состојбата со COVID– 19 преку апликацијата NICS – nicspublic.cuk.gov.mk;

Состојба со корона вирусот за ден 03.04.2020 година:

- Број на потврдени случаи – 430;

- Број на нови случаи во последното деноноќие – 46;

- Денови од последно пријавување на потврден случај – 0;

- Број на излечени лица од COVID–19 - 20;

- Број на смртни случаи од COVID–19 - 12;