Битолски регион

Во гаснењето на пожарот пожарот на место викано Кутлино, атар на с.Селце, општина Крушево кој се аткивирал околу 13,00 часот на ден 09.03.2019 г. интервенирале пожарникари и лица од ШС Липа од Крушево. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи и во текот на ден 10.03.2019 г.

Од ДЗС Битола известуваат дека од атарот на с.Бучин подигната е НУС-1 на артилериска граната од I-ва Светска војна од 75.мм. Истата е ускладиштена.

Во текот на вчерашниот ден околу 16:00 часот е започнат нов пожар во атарот на с. Острец  на две нови локации: едниот е над а другиот е под м.в.„Орлов Камен“, и двата пожари се во нискостеблеста дабова шума. На терен излегла екипа на ЈП Македонски Шуми. Екипата е повлечена во текот на ноќта и со интервенција ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Од ДЗС Струмица известуваат дека во текот на вчерашниот ден, околу 15:00 часот, во двор во с.Радичево биле порнајдени 21 артилерски граната од 75 мм. Од овластено лице од ДЗС Струмица истите биле подигнати за понатамошна постапка.