Од Сеизмолошката опсерваторија добиено е известување во кое се наведува следното: Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 19.11.2018 година во 05:47 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните  делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Oд ТППЕ Македонска Каменица известуваат дека во текот на вчерашниот ден од 11:00 часот има активен пожар во атарот  на село Саса 2, кај м.в.Портарето (Полана-та), со кој е опожарена папрат, дабова и букова шума на поголема површина. Интервенирала нивна екипа и шумари. Поради тешко достапен терен, интервенцијата е прекината во вечерните часови, а кон негово гасење ќе се пристапи и во текот на денешниот ден.

Според инфирмациите пристигнати во ЦУК до 8:30 часот, состојбата со пожарите на отворен простор на територијата на Македонија е следна:

 

Охридски регион

Oд ШС „Сандански“ Македонски Брод известуваат дека од страната на селата Ижиште и Ореовец пожарот е локализиран, додека сеуште гори на атар  на с.Русјаци на висок и непристапен дел над карпест предел и нема опасност по шумски појас.

ШС „Лопушник“ Кичево известува дека пожарот над селата Патеец и Козичино е делумно локализиран од нивна страна. Се појавува само чад од опожарените места.

Струмички регион

Од ШС „Беласица“ Струмица известуваат дека пожарот над с.Габрово на планината Беласица, од страната на с.Габрово е локализиран. Еден крак е активен према с.Банско, но е пресечен со природни патеки и нема опасност од ширење. Интервенирале вработени од ШС „Беласица“. Во утринските часови на ден 17.11.2018 година, ќе се интервенира и се очекува да биде изгаснат.

Велешки регион

Од ШС „Бабуна“ Велес известуваат дека нивна екипа интервенирале на пожар над с.Мокрени. Се работи за приземен пожар каде гореле лисја, трула маса и паднати дрва. Пожарот е локализиран и сеуште дими во внатрешноста, меѓутоа нема опасност од проширување. Денес ќе се изврши проверка на теренот.

Од ШС „Сандански“ Македонски Брод известуваат дека во текот на вчерашниот ден од 10:00 часот екипа на ШС „Лопушник“ Кичево интервенира на шумски пожар во атарот на селата Патеец и Козичино. Гори дабова, букова шума и листенец. Ангажирани се само човечки ресурси поради непристапноста на теренот. Пожарот е високо над селата Патеец и Козичино и во моментов не се загрозени куќите од селата. Исто така, од ШС „Сандански“ Македонски Брод известуваат дека пожарот кај с.Ореовец и од страна на с.Русјаци е се уште активен но без опасност од проширување во шумски појас. На местото на пожарот била упатена екипи од ШС „Сандански“ Македонски Брод и ТППЕ Македонски Брод.

Од ШС „Беласица“ Струмица известуваат дека од 11:00 часот на ден 15.11.2018 година, активен е шумски пожар над с.Габрово на планина Беласица помеѓу селата Колешино и Банско - м.в. Момина Пољјана. Гори буков лист и отпад од сеча – приземен пожар со бавен интезитет.  Се интервенирало со  вработени од ШС „Беласица“ Струмица и со гаснење ќе се продолжи во текот на денешниот ден. Пожарот сеуште е активен но нема опасност од проширување.

Пожарот кај гостиварското село Печково, кој сеуште активен е делумно локализиран. Поради непристапниот терен локализирањето на пожарот е отежнато, но нема опасност од понатамошно ширење..

Шумски пожар над с.Доброште опш.Теарце. е сеуште активен и истиот се спушта низводно по Доброшка река во правец кон с.Доброште. Зафатена е дабова шума. Известени се ТППЕ Тетово и МШ „Лешница“ Тетово кои во текот на утринските часови ќе испратат екипа на местото на пожарот.